Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт незадржлив, Кливленд немоќен!

Видео: Голден Стејт незадржлив, Кливленд немоќен!

Екипата на Голден Стејт води сп 2:0 во финалната серија против Кливленд Кавалирс откако синоќа убедливо го совладаа актуелниот шампион, овој пат со 132:113.

Голден Стејт, во својата „Оракл“ арена, отпорот на Кливленд го скрши во второто полувреме. Големата тројка на Вориорс (Дурент-Кари-Томпсон) постигна 87 од 132. поена на својот тим. На спротивната страна Леброн Џејмс повторно немаше поддршка од соиграчите, на своето вообичаено ниво беше само Кевин Лав.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дуелот помеѓу најдобрите тимови во лигата беше израмнет во првото полувреме (67:64), во третата четвртина Голден Стејт создаде предност од 14 поени, која во последниот период константно ја зголемуваа.

Кевин Дурент имаше ефект од 33 поени, 13 скокови и шест асистенции, Стеф Кари оствари трипл-дабл (32 поени, 11 асистенции и 10 скокови), а Клеј Томпсон постигна 22 коша.

Трипл-дабл во редовите на Кливленд оствари Леброн Џејмс (29 поени, 14 асистенции, 11 скокови). Одличен меч одигра и Кевин Лав (27 поени, 7 скокови), додека Кајри Ирвинг постигна 19 поени, но погоди само осум од 23-те обиди од поле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Статистика за Јокиќ која многу зборува: Дали навистина е најдобар?

„Статистиката е како бикини: Сè открива, а го крие најважното“, е новинарската флоскула шт…