Дома Видео Видео: Вознемирувачки сцени во Наполи, Оспина во нокдаун

Видео: Вознемирувачки сцени во Наполи, Оспина во нокдаун

Натпреворот помеѓу Наполи и Удинесе го доби домашниот тим, откако беше видена голеада, а крајниот резултат беше 4:2.

Покрај многуте погодоци, натпреварот го одбележи и ситуацијата на крајот од првото полувреме кога Давид Оспина како покосен заврши на тревникот, а играчите вознемирани ги повикаа докторите на помош.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оспина претходно доби силен удар во челото кога со нога го погоди Игнасио Пусето. Сепак, после укажаната лекарска помош Оспина процени дека може да продолжи.

Грешка. Се виде дека тоа не е истиот човек, а пред крајот на полувремето Колумбиецот сам падна на теренот. Играчите притрчаа, а судијата веднаш го повика докторот. Оспина се освести, но беше јасно дека не може да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дали Јамал постигнал гол во „Ел Класико“ ќе решава – шпанскиот суд!

Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправд…