Дома Фудбал Италија Видео: Брињоли даде повод – Кои се италијанските голмани кои постигнуваа погодоци!

Видео: Брињоли даде повод – Кои се италијанските голмани кои постигнуваа погодоци!

Главна тема во Италија и понатаму е херојскиот подвиг на голманот на Беневенто Алберто Брињоли кој со својот погодок во натпреварот против Милан го донесе првиот бод за својот тим во 15 коло во Серија А.

Алберто Брињоли ќе остане запаметен во историјата на Беневенто, но и италијанскиот фудбал, како стрелец на гол со кој овој клуб го освои првиот бод.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа се случи вчера во последните моменти од натпреварот против фаворизираниот Милан, а Брињоли со својот гол во 95 минута ги постави конечните 2:2.

Овој погодок на Брињоли беше доволен повод да се потсетиме на италијанските голмани кои во својата кариера постигнуваа погодоци.

Масимо Таиби е последниот голман кој пред Брињоли постигнал гол во Серија.

Тоа му успеа на 1 април 2001 година во натпреварот против Реџина и Удинезе. Реиџина водеше голема борба за опстанок, губеше со 1:0 во овој натпревар, а Таиби во 87 минута го постигна голот за својот тим.

Сепак, во баражот тие беа поразени од Верона, па мораа да се преселат во понизок ранг.

Микеланџело Рампуља, поранешниот голман на Кремонесе постигна гол во натпреварот против Аталанта. Тој натпревар беше завршен со резултат 1:1, благодарение на голот Рампуља кој го постигна после центаршутот од слободен удар од десната страна

Франческо Толдо, навивачите на Интер сигурно го паметат неговиот гол против Јувентус и реакцијата на коментаторот кој падна во транс. Помладите во видеото можат да се потсетат во прилогот, иако официјално овој гол му беше препишан на Виери, Толдо после натпреварот изјави:

„Не е важно што Виери зборува, тоа е мој гол“, тврдеше Толдо.

Антонио Ригамонти, на 106 настапи за Комо постигна шест погодоци, а така ефикасен беше бидејќи од време на време ги изведуваше пеналите.

Марко Балота, најстариот голман кој постигнал гол на еден натпревар, тоа го направи скоро како 50 годишник, но тогаш повеќе не беше чувар на мрежата на туку напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…