Дома Останати Кошарка НБА Видео: Бостон со 15-та победа, неверојатен пресврт на Голден Стејт

Видео: Бостон со 15-та победа, неверојатен пресврт на Голден Стејт

Неверојатниот преврт на шампионот Голден Стејт против Филаделфија и 15-та победа по ред на Бостон ја одбележаа ноќта во НБА лигата.

Голден Стејт направија епски пресврт и победија со 124:116 на гостувањето во Филаделфија откако губеа со 24 поени во еден момент од натпреварот. „Воините“ на полувреме имаа негатива од -22 (72-54), а до победата стигнаа по извонредната трета четвртина, која ја добија со 15-47. Кари со 35 и Дурант со 27 поени беа најзаслужни за големата пресврт победа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бостон го забележа 15-от триумф во низа, нова жртва на избраниците на тренерот Бред Стивенс беше Атланта. „Селтикс“ споро го започнаа мечот, па по само девет минути игра, домаќините имаа предност од 16 поени. Но Бостон успеа да се опорави од големата негатива, и на крајот забележаа лесна победа од 99-110.

Прв стрелец во редовите на гостите беше Ирвинг со 30 поени, а одлична вечер имаше и Браун, кој забележа 27 поени.

Резултати:
Шарлот – ЛА Клиперс 102:87
Орландо – Јута 85:125
Атланта – Бостон 99:110
Филаделфија – Голден стејт 116:124
Мемфис – Хјустон 83:105
Далас – Милвоки 111:79
Портланд – Сакраменто 102:90

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…