Дома Фудбал Видео: Барса киксна на „Камп Ноу“, но дали повторно беше оштетена?

Видео: Барса киксна на „Камп Ноу“, но дали повторно беше оштетена?

Фудбалерите на Барселона втор натпреват по ред одиграа реми во Примера, откако денес на „Камп Ноу“ одиграа 2:2 против Селта.

Гостите поведоа во 20-та минута преку противнапад кој во гол го претвори Аспас. Само две минути и беа потребни на Барселона да се врати во игра, Паулињо го проигра Меси, а Аргентинецот израмни на 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ја имаше иницијативата и константно создаваше шанси, а комплетен пресврт направи Суарез во 62-та минута. Седум минути подоцна, повторно Аспас поведе полуконтра, од десната страна и му сервираше одлична топка на Гомез кој го израмни резултатот.

Фудбалерите на Барселона повторно имаа приговори кон судијата, кој во првото полувреме при резултат 1:1 му поништи гол на Суарез поради офсајд, а ситуацијата беше во најмала рака сомнителна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…