Вечерва во рамките од полуфиналето во Минхен се одигра првиот натпревар од двомечот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Реал иако не одигра на своето ниво сепак успеа да стигне до важна победа пред реваншот на свој терен. „Кралевите“ славеа со 1:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен тргна повеќе офанзивно и создаваше повеќе прилики, а тоа им се исплатеше во 28 минута. Џошуа Кимих ја искористи својата брзина и успеа да постигне убав погодок за предност од 1:0.
По голот работите не се променија многу, а Реал практично без игра успеа да стигне до изедначување. Стрелец на голот беше Марсело на две минути пред истекот на полувремето.
Во вториот дел следуваше помирна игра и од двата клуба. Гостинот од Мадрид до вториот гол стигна по едно катастрофално додавање во средината на теренот. Егзекутор во овој случај беше човекот кој во игра влезе во второто полувреме на местото Иско – Марко Асенсио.
На крајот овој погодок се и како одлучувачки, па Реал ќе го пречека Баерн солидна предност.