Гигантот од Амстердам рутински славеше на гостувањето кај АЕК со 2:0 и си осигура пласман во нокаут фазата. Плзен победи во Москва и му ја олесна работата на Реал и Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
АЕК на домашен терен одолеваше на нападите на Ајакс скоро 70 минути, но потоа српскиот репрезентативец Душан Тадиќ со два брзи гола, во 68-та и 72-та минута му донесе победа на холандскиот тим.
Ајакс сега има 11 бода и е сигурен осминафиналист, а ќе го чека исходот на Баерн за лидерското место во групата.
Во Москава ЦСКА доживеа пораз од Плзен со 2:0 иако имаше водство со голот на Власиќ во 10-та минута. Гостите успеаа со два гола во второто полувреме да направат пресврт, па сега и математички Рома и Реал Мадрид се осминафиналисти.