Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Асенсио е херојот за Реал од Амстердам, Тотенхем „тропна“ на вратата од четвртфиналето

ВИДЕО: Асенсио е херојот за Реал од Амстердам, Тотенхем „тропна“ на вратата од четвртфиналето

Вечерва беа одиграни нови два осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Тимот на Ајакс беше блиску до изненадување, но бранителот на трофејот сепак се извлече со погодок во последните минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првото полувреме од оваа средба во целост му припадна на домаќинот. Колку добар беше Ајакс во првиот дел доволно покажуваат 11-те удари кон голот на Тибо Куртоа.

Големи контроверзии ќе предизвика одлуката на ВАР да го поништи голот на Таљафико.

Во вториот дел фаворитот заигра многу подобро, а таквата игра се исплатеше веќе во 60-тата минута кога Бензмеа ја погоди мрежата на холанскиот гигант. Иако Бензема беше стрелецот, сепак сите аплаузи ги собра Бразилецот Винисус Жуниор кој буквално се прошета низ одбраната на Ајакс.

Ајакс успеа да го изедначи резултатот во 75-тата преку Зијеч на 15 минути пред крајот.

Победата за шпанскиот гигант ја донесе Марко Асенсио со погодокот на три минути пред истекот на регуларните 90.

Вториот натпревар кој се очекуваше да биде неизвесен заврши со убедлива победа на Тотенхем кој широко си ги отвори вратите за четвртфиналето.

И на оваа средба како и во Амстердам после првите 45 минути резултатот беше оној почетниот 0:0.

Домаќините до убедливата победа од 3:0 стигнаа во второто полувреме. Прво Сон Хеунг Мин го отвори резултатот во 47-та минута, за потоа за нови голови да се чекаат последните десет минути од натпреварот.

Вертонген во 83-тата зголеми на 2:0, додека конечните 3:0 ги постави Фернандо Љоренте во 86-тата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…