Дома Фудбал Останато Видео: Аргентина закажа полуфинале со Бразил

Видео: Аргентина закажа полуфинале со Бразил

Репрезентацијата на Аргентина ја опавда улогата на фаворит и со 2:0 ја победи Венецуела во четвртфиналето на Копа Америка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Гаучосите“ одлично го отворија мечот и стигнаа до водство уште во 10-та минута со фантастичниот гол на Лаутаро Мартинез. Напаѓачот на Интер одлично реагираше во казнетиот простор и со пета го матираше противничкиот голман.

До крајот на полувремето се играше главно на средината на теренот, Аргентина спорадично се закануваше, но не видовме поголеми шанси за гол.

Прашањето за победникот беше решено на 15 минути до крајот кога Ло Селсо искористи еден кикс на голманот на Венецуела и ги постави конечните 2:0.

Аргентина со полуфиналето ќе игра против вечниот ривал репрезентацијата на Бразил.

https://youtu.be/gsTaK2bXKo4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина беше дочекана по враќањето од Светското првенство,…