Дома Македонски спорт Мак ракомет (ВИДЕО) Алушовски за Спортски: Традицијата ни носи тешки противници

(ВИДЕО) Алушовски за Спортски: Традицијата ни носи тешки противници

Македонската ракометна легенда, Стефче Алушовски во интервју за Спортски.мк од една поинаква перспектива ги анализираше предизвиците кои и претстојат на македонската машка ракометна репрезентација на континенталниот собир во Хрватска.

„Македонија има континуитет на големите натпреварувања, оттаму и имам големи очекувања од овој настап во Хрватска. Разликата помеѓу селекцијата под палка на Червар и оваа на Гонзалес и видлива и голема. Секој има различен начин кој подоцна го имплементира преку играчите“, вели Алушовски во дел од разговорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според македонската ракометна легенда, на континенталниот собир нема лесни селекции, но Хрватска како водечка, а зад неа и Франција, Германија како актуелен европски првак, Шпанија како и Норвешка се кандидати за освојување на златото на претстојното ЕП.

Што се однесува до македонското првенство, како тренер на РК Пелистер, Алушовски се надева дека со дел од засилувањата кои не ги откри, но со кои се во преговори, има тенденција да му парира на несоборливиот Вардар. Како што вели, Вардар е несомнено екипа која има светска селекција и крем во своите редови,

Во продолжение, проследете ги неговите видувања, анализи на противниците и осврт на подготвеноста на нашата селекција непосредно пред стартот на новата европска бајка.

 

Подготви: Ангела Веселиновска

Снимател: Борислав Стоилковиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …