Тимот на Лидс вчера славеше победа од 2:1 во натпреварот против Свонси со што се врати на првата позиција во Чемпионшип.
Огромна улога во оваа победа на Лидс одигра македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски кој не постигна погодок, но затоа беше двоен асистент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Избраниците на Марсело Биелса не беа баш во најдобра форма, а овие три бида би требало да влијаат на нивната самодоверба пред финишот од сезоната.
Во 20-тата минута Алиоски испрати удар од далечина, топката стигна до Јансон кој погоди за водство. Петнаесетина минути подоцна Харисон постигна погодок со глава за 2:0 после одличното нафрлување на Алиоски.
Лидс се враќа на врвот поради поразот на Норвич на гости кај Престон од 3:1. После 32 одиграни кола Лидс е лидер со 61 бода, Норвич има 60, Шефилд Јунајтед 58.