Jувентус вчера запиша изненадувачки пораз на гостувањето кај Јанг Бојс од 2:1.
Во овој натпревар, во второто полувреме беше заменет Миралем Пјаниќ кој изгледа не ја прифати најдобро таквата одлука на стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, при излегувањето од теренот играчот за врска не сакаше да се поздрави со Алегри туку директно се упати кон соблекувалната со што е јасно дека покажа незадоволство.
Алегри после натпреварот како причина зошто го заменил Пјаниќ го наведе ладното време.
„Зошто го заменив Пјаниќ? На теренот беше шест степени под нулата. Подобро беше да го поштедам за да биде спремен за предизвикот во сабота“, изјави Алегри.
На местото на Пјаниќ влезе Емре Чан.