Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Ако мислевте дека Барса вториот гол го постигна случајно се излажавте

ВИДЕО: Ако мислевте дека Барса вториот гол го постигна случајно се излажавте

goal

Барселона вчера го совлада ПСВ со 2:1 во 5-тото коло од Лигата на шампионите, иако Каталонците не одиграа натпревар со кој можат да се пофалат.

ПСВ пропушти голем број прилики во првиот дел, а во продолжението тоа им се врати. Прво Лионел Меси во 61-та минута постигна фантастичен гол, а девет минути преку Пике зголемија на 2:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Многумина можеби сметаа дека голот на Пике е случаен и дека Меси немал намера на тој начин да го изведе слободниот удар. Но, после натпреварот Пике откри дека тоа е акција која тој и Меси ја вежбале на тренинзите.

„Не го постигнавме случајно вториот гол. Тоа го вежбавме неколку пати на тренинзите“, порача Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…