Дома Фудбал Лига на шампиони Видал: Јувентус ме разочара

Видал: Јувентус ме разочара

Помеѓу оние кои очекуваа Јувентус оваа година да игра финале во Лигата на шампионите бил и играчот на Барселона, Артуро Видал.

„Бјанконерите“ и оваа сезона доминираат во италијанскиот фудбал, а многумина веруваа дека Роналдо ќе и помогне на „старата дама“ да дојде до толку посакуваниот трофеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ неочекувано беше запрена во четвртфиналето од Ајакс, а тоа предизвика разочарување помеѓу навивачите, но и помеѓу поранешните фудбалери на овој клуб.

„Ме изненади Јувентус, бев сигурен дека тимот на Алегри ќе стигне барем до финалето. Нивното испаѓање од Ајакс ме разочара и тоа многу“, изјави Видал за „Скај Спорт“.

И додека за Јувентус натпреварувањето е завршено, Видал со Барселона вчера го надигра Ливерпул и со една нога веќе е во големото финале. За двојниот стрелец Меси, Видал имаше само пофални зборови.

„Меси е неверојатен играч, не само што постигна два гола туку и со својот пресинг беше од константна корист на одбраната. Задоволство ми е што играм со него“, истакна чилеанскиот фудбалер.

Кога во прашање е епизодата на Видал во Јувентус таа траеше во период од 2011 до 2015 година кога Чилеанецот направи трансфер во Баерн, а минатото лето премина во Барселона.

За клубот од Торино одигра 170 натпревари, постигна 48 голови и запиша 25 асистенции, освои вкупно седум трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…