Дома Фудбал Видал со силни критики за Барса: Тие не разбираат дека фудбалот еволуирал

Видал со силни критики за Барса: Тие не разбираат дека фудбалот еволуирал

Артуро Видал, кој е на излезна врата од Барселона, ја критикуваше целосната ситуација во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Видал смета дека многу работи не функционираат во каталонскиот клуб и дека му се потребни промени на сите нивоа.

„Во клубот проблемот не е само во играчите, јасно е дека работите не одат на повисоките нивоа. Клубот мора да се подобри. Не е лесно да се сменат некои работи. Барселона мора да го смени начинот на размислување, мора да разбере дека фудбалот еволуираше“.

„ДНК на Барселона веќе заостанува зад другите тимови. Физичкиот аспект во фудбалот сега е многу повеќе застапен, потребни се сила и брзина, техниката често е во втор план. Не може Барселона во тимот да има 13 професионални играчи, а другите да бидат јуниори“.

„Не затоа што јуниорите тоа не го заслужуваат, туку затоа што во секој тим треба да постои конкуренција, играчите треба да се борат за место во првите 11. Играчите не треба да бидат сигурни дека се недопирливи“,изјави Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…