Репрезентативецот на Чиле, Артуро Видал доби црвен картон во натпреварот против Еквадор кој неговата селекција го изгуби со 0:2. Видал беше исклучен после еден кунг-фу старт после само 14 минути игра.
Видал без проблеми направи жесток старт над противничкиот играч и ја остави екипата на цедило на почетокот на мечот.
Lazar KeskinovДерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не можам да верувам. Им се извинувам на соиграчите, стручниот штаб, семејството и цела земја. Ќе продолжиме да се бориме до крај“, напиша Видал.
Aún no lo puedo creer 😭😭 solo me queda pedir disculpas a mis compañeros, al cuerpo técnico, a mi familia y a todo mi país. 🙏🙏 Seguiremos luchando hasta el final!!🇨🇱❤️🙏 pic.twitter.com/DPZRklt0A5
— Arturo Vidal (@kingarturo23) November 17, 2021
Чиле на четири кола пред крајот на квалификациите за Мундијалот е на шестото место, но и понатаму со реални шанси да се избори за настап во Катар.