Дома Фудбал Останато Видал поради меч со Фламенго, не отиде на погребот на својот татко

Видал поради меч со Фламенго, не отиде на погребот на својот татко

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал шокираше со својата одлука да не присуствува на погребот на својот татко поради фудбалски натпревар.

61-годишниот Еразмо Видал почина пред неколку дена поради срцеви проблеми, а вчера се одржа погребната церемонија.

Видал не долета од Рио до Сантијаго, поради првиот натпревар од финалето на Купот против Коринтијанс. Во натпреварот кој заврши без голови, тој влезе во игра во 65-та минута.

Видал последното збогување на својот татко го гледаше на Фејсбук профилот на неговата сестра Амбер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса тргна во акција по најдобриот играч од Серија А!

Федерико Димарко моментално е веројатно најдобриот фудбалер во Серија А, а овој 28-годишен…