Очекувањата во фудбалската јавност се Кристијано Роналдо по завршувањето на Светското првенство во 2026 година да објави крај на кариерата. Веќе се шпекулира и кој би можел да биде неговиот последен клуб.
Во Саудиска Арабија Роналдо пристигна на 37-годишна возраст и во Ал Наср добива плата од 200 милиони евра по сезона. Неговиот договор е со важност до 2025.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека Ал Наср ќе се обиде да го убеди Роналдо кариерата да ја заврши во саудискиот тим, не се исклучува можноста Роналдо и да купи акции во овој тим.
Постоеа најави дека за крај Роналдо ќе заигра во Спортинг Лисабон каде што започна, но шансите за такво нешто стануваат се помали.