Дома Фудбал Италија Веќе може да си бара нова средина: Јувентус ја одреди цената за Игуаин

Веќе може да си бара нова средина: Јувентус ја одреди цената за Игуаин

Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин според се судејќи ова лето ќе го напушти Јувентус.

Јувентус го стресе фудбалскиот свет откако Кристијано Роналдо потпиша за овој клуб, но стана јасно дека еден од напаѓачите на „Старата дама“ ќе мора да побара нов клуб. Масимилијано Алегри сега на располагање има вишок напаѓач и јасно е дека барем еден од нив ќе си ја побара среќата во некој друг клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На големо се шпекулира за тоа дека тој некој ќе биде Игуаин кој веќе со поврзува со некои клубови. Интерес за Аргентинецот покажаа Челзи и Милан,но официјална понуда се уште не е пристигната. Како што се наведува, Јувентус одлучил Игуаин да биде кој ќе го напушти клубот, но ја чекаат вистинската понуда.

Како што пишуваат медиумите во Италија во Јувентус веќе ја одредија цената за Игуаин, и како што се наведува ќе го пуштат за 60 милиони евра. Пред неколку години Јувентус за Игуаин плати речиси 100 милиони евра, но се свесни дека не можат толку да заработат од неговата продажба и подготвени се да го продадат за 60 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…