Дома Фудбал Вечерва ќе ги дознаеме првите двајца учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите!

Вечерва ќе ги дознаеме првите двајца учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите!

Вечерва се играат првите два реванш натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. Така вечерва ќе ги дознаеме имињата на првите учесници кои ќе играат во четвртфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн, Лацио, ПСЖ, Реал Сосиедад. Две од тие четири екипи ќе се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а две вечерва ќе се простат од тоа натпреварување, но и од Европа за оваа сезона.

Баерн – Лацио
Во Минхен се среќаваат Баерн и Лацио. Гледајќи ги имињата на хартија, јасно е кој е фаворит, но ситуацијата „на теренот“ е сосема поинаква.

Првиот меч го реши Чиро Имобиле, односно Упамекано. Направи непотребен пенал, а Имобиле погоди за победа на римскиот тим од 1:0.

Вечерва реваншот се игра во Минхен и Баерн е фаворит на хартија, но Лацио, колку и да се каже чудно, има многу поголеми шанси за пласман во четврт-финалето.

Реал Сосиедад – ПСЖ
Реваншот од осминафиналето ќе се игра во Шпанија. Се среќаваат Реал Сосиедад и ПСЖ.

Францускиот тим го доби првиот натпревар со резултат 2:0 и со убава предност пристигна во Сосиедад, каде што треба само да не загуби повеќе од еден гол разлика.

За разлика од мечот што ќе се игра во Минхен, овде фаворитот е на вистинскиот пат да се пласира понатаму.

Да потсетиме, реваншите од осминафиналето ќе се играат и утре кога се среќаваат Манчестер Сити – Копенхаген и Реал Мадрид – Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …