Дома Останати Вечерва не чека боксерски спектакл!

Вечерва не чека боксерски спектакл!

Во Саудиска Арабија вечерва не очекува голем боксерски спектакл во кој во рингот ќе се соочат Францис Нгану и Ентони Џошуа.

Ако се знае дека станува збор за двајца нокаутери за очекување е некој од двајцата борци да не го дочека крајот на борбата на нозе. Нгану (37 години) е поранешен шампион во тешка категорија, а во ММА има кариера од 17 победи, 12 заврши со нокаути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во единствената досегашна професионална борба беше поразен од веројатно најдобриот боксер на денешницата Тајсон Фјури, но со одлука на судиите која предизвика многу контроверзии.

Џошуа (34 години) во кариерата има 30 професионални борби и 27 победи од кои дури 24 со ноакут, а до пред две години во своја сопственост ги држеше сите појаси во тешка категорија освен оној во ВБЦ, го изгуби во борбата против Украинецот Олександр Усик.

Британецот потоа беше поразен и во реваншот од Усик, па нанижа победи против Франклин ЈР, Роберт Хелениус и Ото Валин Според обложувалниците Џошуа е фаворит со коефициент околу 1.35, додека за Нгану е 3.20.

Евентот во Ријад започнува околу 18:00 часот, додека Нгану и Џошуа во рингот би требало да влезат околу 23:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …