Дома Фудбал Италија Ветеранот Јосип Иличиќ вчера постигна два супер гола за само две минути (ВИДЕО)

Ветеранот Јосип Иличиќ вчера постигна два супер гола за само две минути (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта одиграа неверојатни 15 минути во натпреварот против Болоња од 30-тото коло во италијанската Серија А.Аталанта натпреварот против Болоња го доби со 4:1, а сите четири погодоци домаќините ги постигнаа во првите 15 минути од натпреварот.

Јосип Иличиќ го отвори резултатот во третата минута, само две минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0 за во 9-тата Хетебоер да погоди за 3:0. Четвртиот гол на Аталанта во 15-тата минута беше дело на Запата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во историјата на Серија А со овој натпревар влезе ветеранот од редовите на Аталанта Јосип Иличиќ. Иличиќ постигна два гола во првите пет минути, а тоа не се случило уште од 2001 година кога легендарниот Марко Ди Ваио во дресот на Парма такво нешто направи против Удинезе во победата од 3:2.

И тоа двата гола на Иличиќ не беа било какви, туку две вистински мајстории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …