Дома Фудбал Останато Ветеранот открива: Плачев кога од Арсенал преминував во Барселона, тоа ми беше грешката на кариерата

Ветеранот открива: Плачев кога од Арсенал преминував во Барселона, тоа ми беше грешката на кариерата

За голем број фудбалери е сон еден ден да заиграат за Барселона, но постојат и такви кои жалат што тоа им се случило во кариерата.

Еден од нив е белорускиот фудбалер Александар Хлеб кој на изненадување на многумина летото 2008 година потпиша за Барселона. Хлеб во Барселона пристигнао д Арсенал каде што прикажуваше одлични настапи, но на „Камп Ноу“ потфрли.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона тогаш само што ја превземе Пеп Гвардиола за Хлеб плати 15 милиони евра, меѓутоа се покажа дека тоа беше голема грешка. И самиот фудбалер за англиските медиуми призна дека воопшто не ни сакал да го направи тој трансфер.

„Не можам ниту денес да објаснам зошто го напуштив Арсенал. Бев многу среќен таму. Венгер ми веруваше и навистина уживав, а потоа одлучив да заминам. Се сеќавам дека бев на одмор и менаџерите ме повикаа и ме убедуваа дека треба да потпишам за Барселона. Воопшто не сфатив што правам и во еден момент сфатив: Боже, заминувам од Арсенал!? Венгер ми испраќаше пораки и сакаше да останам, но тогаш се веќе беше завршено“.

„Многумина на мое место би биле пресреќни за таков трансфер, но јас бев скршен. Се сеќавам дека Венгер ми испрати порака дека нема да ме пушти и тогаш заплакав. Знаев дека направив грешка“, откри Хлеб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неочекувани проблеми за Баерн. Новиот тренер мора да го купат за 15 милиони евра

Австрискиот тренер Ралф Рангник (65) е главен кандидат за преземање на Баерн. Томас Тухел …