Дома Фудбал Останато Вест Хем ја освои Конференциската лига🎥

Вест Хем ја освои Конференциската лига🎥

Вест Хем ја освои титулата во Конференциската лига, откако во финалето ја победи Фиорентина со 2:1.

Во првото полувреме гледавме возбудувања пред двата гола, но немаше големи шанси за гол.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вест Хем иако важеше за фаворит, сепак играше претпазливо, а најголемата шанса ја имаше Фиорентина, која преку Јовиќ постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме видовме два гола во пет минути. Најпрво поведе Вест Хем преку пенал, а израмни Бонавентура во 65-та минута од мечот.

Во 90-та минута кога сите очекуваа мечот да замине во продолженија, Боувен ја избегна офсајд замката и постигна гол за победа и европски трофеј за Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…