Дома Трансфер зона Вест Хем се засили со стопер кој Венгер го купи во Арсенал

Вест Хем се засили со стопер кој Венгер го купи во Арсенал

Тимот на Вест Хем беше блиску да се засили со Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, но откако англискиот репрезентативец не ја реши ситуацијата со „црвените ѓаволИ“ се насочи кон нова мета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нов стопер на „чеканите“ е 25-годишниот Константинос Мавропанос кој во Лондон пристигнува од Штутгарт каде што ја помина последната сезона. Станува збор за фудбалер кој Арсен Венгер уште во 2018. година го доведе Арсенал од грчкиот Пас Јанина.

Меѓутоа откако не се пронајде во Арсенал се пресели во Германија каде што играше за Нирнеберг, па Штутгарт каде што играше во најдобра форма и стана стандарден репрезентавиец на Грција. Дресот на Арсенал го носеше на седум натпревар.

Вест Хем за трансферот на Мавропанос ќе плати 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…