Дома Трансфер зона Вест Хем не се шегува: Како замена за Рајс, сака играч на Баерн

Вест Хем не се шегува: Како замена за Рајс, сака играч на Баерн

Фудбалскиот клуб Вест Хем по рекордната продажба на Деклан Рајс во Арсенал за повеќе од 100.000.000 фунти е во потрага по негова замена.

Рајс неколку сезони наназад е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата на централната позиција на теренот, а пред неколку дена направи рекорден трансфер и со преселбата во Арсенал стана најскапиот англиски играч во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем сега е во потрага по негова замена, а според првичните информации таа би можела да дојде од Баерн Минхен. Имено, премиерлигашот ќе се обиде да го доведе Леон Горецка кој има цена помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Горецка засега не сака да го напушти Баерн одби неколку понуди, па Вест Хем тешко би дошол до неговиот потпис, но ситуацијата може да се промени ако Баерн сака да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …