Дома Фудбал Италија Вест која ќе ги израдува навивачите: Франческо Тоти пред враќање во Рома!

Вест која ќе ги израдува навивачите: Франческо Тоти пред враќање во Рома!

Се уште не стивнува еуфоријата во Рим откако Рома ја освои Конференциската лига, а денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува информација која сигурно ќе ги израдува навивачите на „волчицата“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, реномираниот италијански медиум пренесува дека во Рома може да се врати легендарниот Франческо Тоти. Тоти беше редовен на натпреварите на Рома во сезоната која само што заврши, а иако се занимава со менаџерство би можел да добие и функција во Рома.

Рома следната сезона ќе игра во Лигата на Европа и ќе се обиде да ја нападне Лигата на шампионите, Тоти за разлика од периодот кога ја завршуваше играчката кариера има одлични односи со сопствениците на Рома.

Неодамна беше виден и на вечера со Жозе Мурињо, а пред неколку дена јавно зборуваше дека сака Паоло Дибала да го убеди да се пресели во Рим, па сето ова можеби се најави за негово големо враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Астон Вила ја освои Лига Европа, Уни Емери со петти триумф

Астон Вила освои втор голем европски трофеј во својата историја. Тимот од Бирмингам триумф…