Дома Фудбал Германија Вест број еден во Германија: Баерн се откажа од 800 милиони евра за да добие милијарда!

Вест број еден во Германија: Баерн се откажа од 800 милиони евра за да добие милијарда!

Во Минхен требаше да има договор помеѓу двете гордости на Баварија – спортската и автомобилската. Се беше спремно за договор помеѓу Баерн и БМВ. Сепак денес се – пукна!

Веста дека нема да дојде до најавениот договор помеѓу Баерн и БМВ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ги прекинавме преговорите и нема да го спонзорираме Баерн“, кратко за „Билд“ прокоментира ПР менаџерот на автомобилскиот гигант.

Што се случило? Се уште не е познато, но ова е денес вест број еден во Германија.

Пред два месеци се изгледаше како готово. Изгледаше дека БМВ ќе го истурка Ауди од Баерн. Ауди е долгогодишен спонзор на Баерн и дури имаше дел од акциите на клубот, околу 9%. Беше тоа долгогодишна и успешна соработка, а според актуелнито договор кој има важност до 2025 година, Ауди на Баерн за спонзорството му плаќаше околу 30 милиони евра годишно.

Меѓутоа тогаш помеѓу Ауди и Баерн влезе БМВ. На минхенскиот гигант му понудија 800 милиони евра за да бидат на местото на Ауди. Тоа значеше дека ќе го откупат делот на Ауди.

„Двете страни веќе потпишаа писмо. Договорот со Ауди е на сила до 2025 година. Меѓутоа се работи на тоа да биде раскинат пред време“, изјави првиот човек на одборот на Баерн, Едмунд Штојбер.

Не е откриено на колку години БМВ нудел спонзорство, но се претпоставуваше дека е повеќе од оние 30 милиони евра кои му ги плаќаше Ауди на Баерн.

Сега стигна „гром од ведро небо“! БМВ се откажа и тоа јавно го соопшти.

Не ништо потврдено, но се шпекулира дека Ауди се вратил во игра со нов договор на 12 години вреден 60 милиони евра годишно. Со бонуси таа соработка на Баерн би можела во наредните 12 години да му донесе – милијарда евра!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…