Дома Останати Кошарка Вестбрук го помина Меџик Џонсон и испиша историја во НБА

Вестбрук го помина Меџик Џонсон и испиша историја во НБА

Хјустон го победи Њу Орлеанс и дојде до првиот триумф оваа сезона, а Расел Вестбрук оствари трипл-дабл учинок со кој се искачи на второто место на вечната листа.

Вестбрук оствари учинок од 28 поени, 10 скокови и 13 асистенции, што е негов 139 трипл-дабл во кариерата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Со новиот трипл-дабл, кошаркарот на Хјустон го помина легендарниот Меџик Џонсон во второто место на вечната ранг листа, и сега пред него се наоѓа само Оскар Робертсон кој има дури 181 вакво остварување.

„Знам дека на сите ви изгледа дека трипл-дабл е нормална работа, но тоа бара многу енергија, пожртвуваност и подготовка за секој меч. Ова е големо постигнување. Посебно зашто како дете не можев ниту да помислам дека ќе играм во НБА, а сега сум во историјата“, изјави Вестбрук.

Резултати:

Милвоки – Мајами 126:131

Детроит – Филаделфија 111:117

Атланта – Орландо 103:99

Њујорк – Бостон 95:118

Чикаго – Торонто 84:108

Кливленд – Индијана 110:99

Хјустон – Њу Орлеанс 126:123

Јута – Сакраменто 113:81

Сан Антонио – Вашингтон 124:122

Феникс – ЛА Клиперс 130:122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пешиќ објасни зошто Денвер губи иако има МВП-кошаркар: Јокиќ не е семоќен!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блескаше ова лето на Олимписките игри во Париз и помогна на…