Дома Фудбал Италија Весли Снајдер го спасува Милан – со биткоини!

Весли Снајдер го спасува Милан – со биткоини!

Италијанските медиуми со месеци тврдат дека Милан се наоѓа пред финансиски колапс бидејќи сопствениците не успеваат да ги вратат долговите кои ги направија при купувањето на клубот…

Вистината веројатно е некаде на средината.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Факт е дека кинескиот газда Јонгхонг Ли минатото лето обезбеди буџет од околу 250 милиони евра за засилувања, факт е и дека клубот функционира нормално без застој во исплатата на обврските.

Но, исто така е факт и дека Кинезот „дебело“ се задолжи за да го купи Милан и дека до крајот на октомври мора да врати околу 370 милиони евра на американскиот фонд „Елиот“ .

Се почесто се шпекулира дека Јонгхонг Ли ги нема тие пари и дека ќе мора да ги продава сопствените акции со цел да ги подмири долговите, поради што констатно се шпекулира за нови имиња кои би можеле да влезат во клубот.

Но, денес ни пристигнува најнова и навистина интересна вест. Имено долгот на Милан кон „Елиот“ би можел да биде рефинансиран во криптовалути – биткоини! И тоа благодарение на платформата „Vsport“ која во биткоини врши вложување во спортски проекти.

Уште поинтересно е што еден од сопствениците на оваа компанија е прославениот холандски фудбалер и поранешен член на градскиот ривал Интер, Весли Снајдер. Компанијата на Снајдер наводно се понудила во биткоини да го врати долгот кон „Елиот“ во замена за мал процент од акциите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По поразот од Барселона, Борусија доби и лоша вест: „Милионерите“ останаа без важен фудбалер три месеци!

Борусија Дортмунд пред два дена загуби од Барселона на свој терен со 3:2 во дербито од шес…