Дома Фудбал Верона се раздели со Игор Тудор

Верона се раздели со Игор Тудор

Хрватот Игор Тудор повеќе не е тренер на Верона. Италијанскиот калчолигаш објави дека ја раскинува соработка со Тудор.

Во соопштението се наведува дека разделбата дошла со заеднички договор за прекин на соработката.

„Тешка одлука, во Верона најдов средина и група на фантастични играчи кои ми овозможија да создадам хармонија. Благодарение на таквата соработка имавме одлични резултати Ја ценам чесноста и транспарентноста на претседателот, двајцата се согласивме дека не постојат услови да продолжиме да соработуваме. Поздрав до градот Верона и благодарност до навивачите кои испраќаа голема љубов и топлина. На клубот му посакувам многу среќа во иднина“, изјави Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три минути го скршија Селтик, Баур без оправдувања: Заслуживме пораз!

Селтик поведе, но Селта со два гола на Хави Родригез славеше со 2-1 во Глазгов. По три кол…