Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е среќен што медиумите го поврзуваат со трансфер во редовите на европскиот шампион.
23-годишниот Германец блеска во Бундес лигата и нема ништо против да се пресели на „Енфилд“, а според него Ливерпул е „најдобриот тим на светот“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вернер синоќа му донесе победа на Лајпциг со својот гол над Тотенхем, а веднаш после мечот даде до знаење дека би сакал да игра во Премиер лигата.
„Во моментов Ливерпул е најдобриот тим на светот и горд сум со тоа што ме поврзуваат со таков клуб. Во исто време јасно ми е дека таму играат фантастични фудбалери и ќе треба да се подобрам во многу аспекти за да стигнам до тоа ниво“, изјави Вернер.