Дома Фудбал Италија Вербална „војна“ меѓу Ањели и Лотито: Си станал вирусолог

Вербална „војна“ меѓу Ањели и Лотито: Си станал вирусолог

Клубовите од Серија А одржаа видео состанок на кој дискутираа за иднината на сезоната, па дојде до вербален судир меѓу претседателите на Јувентус и Лацио.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, цели кон целосен прекин на првенството и Скудетото да биде доделоно на првопласираниот тим во моментиот, а тоа е токму неговиот Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На ваквата идеја жестоко се спротиставуваат сите останати, особено претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, тим кој заостанува само еден бод.

Лотито ги убедувал останатите дека неговите извори велат дека епидемијата полека се намалува и поради тоа првентсвото ќе може наскоро да продолжи.

„Дали ги видовте податоците? Вирусот заминува. Разговарам со вистински експерти, луѓе кои се во првите линии, а не клупски доктори“, рекол Лотито.

Веднаш потоа одговори првиот човек на Јувентус.

„Секако, секако. Сега стана и експерт и виролог“, му одговори Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…