Марко Верати размислува да го напушти францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната, бидејќи е незадоволен од ситуацијата во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Тензиите во ПСЖ се зголемија откако парижаните испаднаа од Лигата на шампионите, а многу играчи беа жестоки критикувани. Меѓу нив е и 30-годишниот Верати, кој сака да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На италијанскиот фудбалер му пречат критиките, бидејќи смета дека на секој натпревар го дава максимумот. Тој размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната, но ПСЖ нема намера да го продаде италијанскиот играч за врска.
Јувентус внимателно го чека развојот на ситуацијата и е подготвен да ја искористи шансата да го доведе во своите редови.