Дома Фудбал Франција Верати го критикуваше судењето, па сега го чека казна

Верати го критикуваше судењето, па сега го чека казна

Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати се соочува со жестока суспензија.

Откако ПСЖ изгуби од Нант италијанскиот играч за врска го критикуваше судењето и сега го чека казна од три до четири натпревари суспензија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Како е можно ние да добиеме десет жолти картони (ги имаше шест), а да не зборуваме за судијата (Лесеге)? Во некои ситуации не можеш да направиш ништо“, изјави меѓу другото Верати по тој пораз од 3:1.

Според правилата во Франција поради оваа реченица Верати може да добие суспензија од неколку натпревари. Лига 1 не можеше веднаш да отвори истрага, па комплетниот случај го презема Националното етичко собрание кое за казната на Верати би требало да одлучи во текот на денешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…