Венус Вилијамс ја елиминираше својата сестра Серена во третото коло од Индијан Велс, откако ја победи со со 6:3, 6:4.
За последен пат, двете сестри играа една против друга во финалето на Отвореното на Австралија во 2017 година, кога победи Серена, а подоцна се дозна дека е бремена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дуелот беше вкупно 29-ти меѓу двете сестри, а билансот е во корист на помладата сестра која има 17 успеси.
Средбата траеше еден час и 26 минути. Венус заврши со шест асови, четири пати направи брејк, како и осум двојни грешки. Серена имаше 4 асови, две брејка и три двојни грешки.
Во четвртиот круг Венус Вилијамс ќе се соочи со латвиската тенисерка Анастасија Севастова, која ја победи Германката Јулија Гергес со 6: 3, 6: 3.