„Топчиите“ сигурно ќе влезат сериозни во нокаут фазата во рамки на Лига Еропа, бидејќи трофејот во истото натпреварување значи директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Првата препрека за Арсенал ќе биде Остерсундс, а во шведскиот тим најдоа време да се пошегуваат на сметка на својот противник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Остерсундс објави интересно видео на Твитер и така ги повика Венгер и Арсенал. Познато е дека францускиот стратег во минатото имал проблеми да ја закопча својата јакна, а од шведскиот тим доби корисен совет.
„Се гледаме на Јамткрафт Арената во февруари. Ве молиме да се погрижите да биде точна јакната за Венгер бидејќи ќе биде ладно“, порачаа од шведскиот клуб.
See you at Jamtkraft Arena in february! Please make sure that Wenger has fixed his jacket before traveling, it's going to be cold in Ostersund 😉 #vigerossaldrig pic.twitter.com/nHxPcZqLeh
— Östersunds FK (@ofk_1996) December 11, 2017