Манчестер Јунајтед изминатиот викенд го запиша веќе третиот пораз во Премиер лигата оваа сезона. Овој пат подобар од „црвените ѓаволи“ беше Њукасл.
Тимот на Солскјер се наоѓа на 12-тата позиција со само два бода повеќе од зоната на испаѓање. За Јунајтед ова е најлош старт во сезоната уште од 1989/90 кога во првите осум кола освоија само осум бодови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од играчите кои добиваат најголеми критики поради слабата форма на тимот е Пол Погба. Французинот изгледа целосно незаинтересирано, тоа го потврди и легендарниот Арсен Венгер ко јгостуваше како аналитичар во емисија на „беИН Спортс“.
„Прво мислам дека Погба не е физички 100% спремен откако почна сезоната, а таков играч мора да биде во целост спремен поради неговата физичка моќ. Покрај тоа тој се однесува како човек кој игра за тим од кој не се очекува да се бори за титулата“, смета Венгер.
Погба оваа сезона запиша шест настапи и се уште чека на првиот гол.