Иако многу од навивачите очекуваат Арсен Венгер по крајот на сезоната да го напушти Арсенал, од тоа, како што стојат работите нема да биде ништо.
Венгер во Арсенал е долги 22 години, а иако оваа сезона лондонскиот клуб под негово водство бележи слаби резултати, за заминување од клупата овој искусен тренер не размислува и веќе почна да го прави списокот за летни засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од фудбалерите кои Венгер ги посакува е Јакуб Јанкто. Се работи за млад фудбалер на Удинесе, кој зад себе има добра сезона. Дека во целата приказна има вистина сведочи и изјавата која ја даде агентот на чешкиот репрезентативец Бепе Рисо.
„Јанкто имаше опции во текот на јануарскиот преоден рок, но одлучивме дека најдобро за него е да остане во Удинесе уште некое време. Важно е да расте и созрева.“ – изјави Рисо, па се осврна на интересот од Арсенал.
„Во Арсенал водат сметка за младите играчи и дефинитивно ќе зборуваме со нив.“