Познато е дека Арсен Венгер е еден од најчесните тренери, а тоа го покажа и по поразот на Арсенал од Тотенхем попладнево.
Одлучувачкиот погодок го постигна Хари Кејн во 49. минута кога го скокна над Кошчелни и постигна погодок вреден три бода.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, некои велат дека ова е фаул…
„Беше најважно кој прв ќе постигне погодок, а ние го примивме. Кејн направи разлика, тоа е тоа што тој го прави. Ја гледав снимката, не беше фаул за Кејн. Само добра игра на шпицот. Можеме само да се гледаме себеси“, истакна Венгер.
По првите 45 минути на Вембли, Тотенхем почна да доминира и голот на Кејн дојде како резултат на тоа.
По овој меч, Тотенхем има 52 бода и е третопласиран на табелата во ПЛ, додека Арсенал се наоѓа на шестата позиција со 45 бодови на своето конто.