Дома Фудбал Англија Венгер: Заминувањето на Санчез е помалку болно од она на Ван Перси

Венгер: Заминувањето на Санчез е помалку болно од она на Ван Перси

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за заминувањето на одличниот Чилеанец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сапуницата“ која трае околу Алексис Санчез би можела да го дочека својот крај веќе во текот на денешниот ден. Одличниот Чилеанец ги договори условите со Манчестер Јунајтед, а Арсен Венгер го најави неговото заминување.

„Нашите навивачите знаат дека не сакаше да го продолжи договорот и тоа мораат да го прифатат како и фактот дека оваа зделка нема да биде едносмерна“, изјави Венгер алудирајќи на трансферот на Михтаријан кој се очекува да пристигне на „Емирати“.

Секако, целата оваа ситуација потсети на онаа кога Робин Ван Перси го напушти Арсенал и премина во редовите на „ѓаволите“.

„Го доведовме Ван Перси уште додека беше во младинскиот тим на Фејенорд и многу работевме заедно. Поради тоа заминувањето на Санчез е помалку болно од она на Ван Перси“, изјави Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…