Арсенал значително се засили во зимскиот преоден рок и ги донесе Хенрих Михтаријан и Обамејанг, но Венгер сакал и едно засилување во одбраната.
„Скај Спорт“ открива дека лондонскиот тим во последниот ден од преодниот рок испратил понуда за дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, раководството на „волчицата“ експресно ја одбило понудата, најмногу поради фактот што немале време да најдат замена за грчкиот репрезентативец.
Сепак, се очекува „топџиите“ на лето да тргнат по 26-годишниот дефанзивец кој е мета на многу европски гиганти.
Откако не успеале да го донесат Манолас, „топџиите“ во последен момент испратиле понуда до ВБА за Џони Еванс, но и тој обид бил неуспешен.