Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Венгеровата филозофија го загрози местото на Французинот во националниот тим за Мундијалот

Венгеровата филозофија го загрози местото на Французинот во националниот тим за Мундијалот

Францускиот фудбалер, Оливие Жиру поради малата минутажа во Арсенал би можел да го пропушти Мундијалот во Русија.

Откако летово на „Емирати“ пристигна Александар Лаказет, овој 31-годишен напаѓач стана втор избор во нападот на Арсенал и поради малата минутажа, загрозено му е местото во репрезентацијата на Франција.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа го потврди и асистентот во националниот тим на Триколорите, Гај Стефан.

„Жиру не игра доволно и за тоа Дешамп веќе разговараше со него. Ќе мора да пронајде решение во следните недели. Негвоиот процент на голови според бројот на минутите, односно спрема бројот на натпреварите е одличен, но без минути нема да може да биде во добра форма кога ќе и биде потребен на репрезентацијата“, истакна Стефан.

Жиру оваа сезона одигра 12 натпревари за Арсенал од кои ниту една не ја стартуваше од првата минута, а своето контро има три погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…