Дома Фудбал Репрезентации Велс после 64 години ќе игра на Светско првенство!

Велс после 64 години ќе игра на Светско првенство!

Репрезентацијата на Велс по 64 години ќе игра на Светското првенство, откако во плеј-офот ја совлада Украина со минимални 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победникот беше решен на крајот од првото полувреме со автоголот на Јармоленко после шутот од слободен удар на Бејл. Впечаток е дека Украинците беа подобар ривал, но на крајот не се радуваа.

Се играше 34. минута кога Бејл шутираше од слободен удар, а несреќниот Јармоленко ја затресе сопствената мрежа.

Второто полувреме беше многу повозбудливо од првото. Бејл и Ремзи можеа да го зголемат водството на Велс.

Украинците имаа голем број на ветувачки ситуации, имаа дури 24 удари кон противничкиот гол, но вечерва расположениот голман Хенеси бранеше одлично.

Со оглед на сите прикажани и пропуштени шанси, Украина сигурно ќе има за што да жали, додека Велшаните сигурно многу ќе се забавуваат и ќе проверат билети за Катар. Велс на Мундијалот ќе игра во група со Англија, Иран и САД и сигурно ќе има свои шанси да помине во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов инцидент во САД: Пукање по натпревар, повредени најмалку четири лица!

Нови ужасни вести пристигнуваат од Светското првенство кое оваа година се игра во Америка,…