Веќе добро познато е што направи Кабиб Нурмагомедов после борбата со Конор Мекгрегор во одбраната за шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ.
После целиот хаос Нурмагомедов се закани дека ќе го напушти УФЦ ако неговиот пријател кој влезе во кафезот добие казна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, претседателот на УФЦ Дан Вајт во разговор за медииумите истакна дека Кабиб останува во организацијата и дека сите проблеми се решени.
„Се е добро со Кабиб. Не знам против кого ќе се бори, ништо за тоа не сме разговарале. Треба да го оставите да ужива во победата, се може подоцна да се направи“, изјави Вајт.
Вајт потврди за Кабиб, но додаде дека не е сигурен за неговиот пријател Зубаир Тукхогов.
„Се решивме, ако има уште нешто и тоа ќе го решиме. Беше лут, но борците често пати се емотивно. Мојот однос со него е одличен. Сигурно останува во УФЦ, но не знам дали тоа ќе се случи и со Зубаир. Ќе видиме“, изјави Вајт.