Дома Фудбал Останато Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Жеоржино Вајналдум ќе го напушти ПСЖ ова лето, а пред неколку дена медиумите објавија дека Холанѓанецот бил понуден на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Вајналдум и е спремен да го пушти на позајмица, притоа да плаќа дел од неговата плата.

Во такви услови Рома е заинтересирана да го донесе на едногодишна позајмица и стапила во контакт со неговиот агент.

Рома може да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина да ја добие од ПСЖ. 

Дека Холанѓанецот е навистина блиску до трансфер во Рома открива неговиот потег на социјалните мрежи.

Имено, Вајналдум стегна „лајк“ на фотографија со легендата на Рома, Франческо Тоти и новото засилување на римскиот клуб, Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…