Холандскиот фудбалер Џини Вајналдум за англиските медиуми објасни зошто веднаш не отишол да го утеше Кариус.
Германскиот голман одигра очаен натпревар против Реал во финалето, а на Вајналдум долго време му требаше да отиде и да го утеши соиграчот. Пред него тоа го направиле и некои фудбаери на Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Вајналдум ја објасни својата одлука.
„Не му дадов зборови за утеха бидејќи околу него тука беа неколку луѓе, а некогаш не сакате кога има многу луѓе околу вас, па го сочекав вистинскиот момент.“ – изјави Вајналдум.
Да потсетиме, Реал Мадрид го порази Ливерпул со 3:1 во финалето во Киев, а Кариус е директен виновник за првиот и третиот погодок.