Дома Фудбал Вацке предупредува: Бундеслигата ќе пропадне ако не почнеме за брзо да играме фудбал

Вацке предупредува: Бундеслигата ќе пропадне ако не почнеме за брзо да играме фудбал

Извршниот директор на Борусија Дортмунд даде мрачна прогноза за иднинта на Бундеслигата, ако сезоната не продолжи во најскоро време.

Вацке изјави дека повеќето клубови нема да издржат уште долго да „трупаат“ финансиски загуби и работите мора да се променат што поскоро.

Клубовите од Германија веќе добија дозвола за тренинзи, и се надеваат дека од 9-ти мај ќе продолжи сезоната, но тоа е малку веројатно во моментов.

„Ако не играме фудбал во следните неколку месеци, Бундеслигата ќе биде давеник без можност за спас. И јас велам дека не е сеедно и исто кога се игра со публика, или без неа на трибините, но во вакви услови мора да се продолжи и заврши сезоната“, вели Ханс-Јоаким Вацке.

Следната недела се очекува властите да донесат конечна одлука за тоа кога ќе продолжи Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…