Aлександар Васоски си поднесе оставка од тренерското столче на Академија Пандев после денешниот пораз од Работнички.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Васоски на клупата на Академија Пандев се врати да донесе подобри резултати после заминувањето на Ѓорѓе Стојчев пред само два месеци.
Академија Пандев во моментов е на претпоследното место на табелата со осум бодови, а е во серија од седум натпревари без победа.
Васоски ја презеде одговорноста и денес си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на Академија Пандев.
Фото: ФФМ