Дома Македонски спорт Васоски може да биде нов селектор на Македонија У21!

Васоски може да биде нов селектор на Македонија У21!

Aлександар Васоски не се задржа долго на клупата на Сараево, иако беше доведен како долгорочно решение сепак, после неколку лоши резултати популарниот „тетовче“ одлучи да си поднесе оставка. Во Сараево Васоски се задржа четири месеци.

Сега во интервју за босанскиот портал „Репрезентација.ба“ Васоски збосуваше и за можните нови ангажман. Откри дека постои можност за преземање на репрезентацијата на Македонија до 21 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Преговарам со два клуба, еден е од Македонија и е моќен, а другиот од странство. Исто така има опција да ја преземам репрезентацијата на Македонија до 21 година. Во наредните денови ќе донесам одлука“, изјави Васоски.

Во овој момент селекцијата до 21 година е предводена од Драган Канатларовски кој вчера го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Ерменија и Украина (тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…